Контакт

Црна хроника

Балканските полиции спречија шверц на 75 килограми хероин

Објавено пред

Во координирана акција на полициите од регионот, а благодарение на информации обезбедени од страна на македонската полиција, во четврток во Грција е спречен шверц на дрога при што се откриени и запленети околу 74,5 килограми хероин наменет за пазарот во западна Европа, соопшти МВР

dobivaj vesti na viber

Во координирана акција на полициите од регионот, а благодарение на информации обезбедени од страна на македонската полиција, во четврток во Грција е спречен шверц на дрога при што се откриени и запленети околу 74,5 килограми хероин наменет за пазарот во западна Европа, соопшти МВР Акцијата била во рамки на операцијата „Босфор“ на македонската и турската полиција која подолго време работи на разоткривање криминална група составена од македонски државјани кои се занимаваат со меѓународен транспорт на поголеми количини на хероин од Турција во земјите на западна Европа. Спроведена била во соработка со канцеларијата во Атина на Американската служба за борба против дрога ДЕА и со грчката полиција при што е уапсен макеоднски државјанин во чие возило се пренесувала дрогата.„Во раните утрински часови во близина на Атина, Грција, од страна на грчката полиција сопрено е товарно моторно возило марка „МАН“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.И.(28) државјанин на Република Македонија и при извршениот преглед на ТМВ во специјално изработен бункер во резервоарот за гориво пронајдени се околу 74,5 килограми наркотична дрога хероин, при што лицето е лишено од слобода.Наркотичната дрога хероин е набавена во Р.Турција, складирана во специјално направениот бункер, со намера преку Р.Грција, по морски пат, да се дистрибуира во некоја од земјите на Западна Европа. Набавната цена на запленетиот хероин се проценува на над еден милион евра, додека истиот на западноевропските пазари може да достигне цена помеѓу три и четири милиони евра.Од страна на единицата за борба против недозволена трговија со дрога во врска со случајот вчера се уапсени уште три лица, сите македонски државјани како организатори на транспортот. На влез во Македонија на ГП „Богородица“ од слобода е лишен Д.Ј.(52) од Скопје, а при обид да ја напуштат територијата на Македонија на ГП „Табановце“ исто така вчера од слобода се лишени и скопјаните Н.Д.(50) и М.Г.(27).Од страна на ООК до Основно Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција е поднесен посебен извештај за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” покрај против тројцата скопјани и против О.М.(70) државјанин на Р.Турција и Србија.Истражен судија на лицата им одредил притвор во траење од 30 дена. Лицето О.М.(70) државјанин на Р.Турција и Србија не е достапен на органите на прогонот. Грчката полиција на Т.И.(28) во врска со недозволена трговија со дрога, ќе му  поднесе кривична пријава во Р.Грција.Заради целосно расчиствување на случајот, врз основа на добиена наредба од надлежен истражен судија вчера во 16,30 часот извршени се претрес на дом и други простории кај Д.Ј.(52), Н.Д.(50) и М.Г.(27), при што во домот на Д.Ј.(52) се пронајдени два пиштоли без дозвола, 90 куршуми различен калибар, документација од нотар за ТМВ на име Зоран С., кој на 21.09.2009 година во Истанбул, Турција е уапсен со 134,5 кг. хероин (заедничка операција на македонската и турската полиција).При претрес на дом и други простории кај М.Г.(27) се пронајдени 29 куршуми калибар 7,62 мм. за автоматска пушка, четири пара регистарски таблици кои се пријавени за изгубени, меѓународен договор за транспорт на име на Т.И. и други документи за Зоран С. За време на останатите претреси на дом и други простории не се пронајдени предмети поврзани со кривично дело.Пријавените лица, според досега документираните сознанија на МВР, се дел од организирана криминална група која подолг временски период организира транспорти на поголеми количини на хероин од Турција преку Македонија во земјите на Западна Европа и за дел од групата од страна на ООК на 3 јуни, годинава е поднесена кривична пријава во врска со заплена на 2 килограми хероин извршена претходниот ден на граничниот премин „Делчево”.Во првиот дел од акцијата кривично беа пријавени Ф.Р.(47), К.Р.(29), И.Р.(29), С.Д.(32) и И.З.(26). Во седумте досегашни продолженија на операцијата „Босфор“ запленети се околу 340 килограми чист хероин кој на западноевропските пазари вреди над 13 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се запали БМВ во Драчево

Објавено пред

Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки. 

dobivaj vesti na viber

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче

Објавено пред

Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар

Објавено пред

Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето  и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.

МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион4 часа

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ4 часа

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија6 часа

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ7 часа

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет8 часа

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија9 часа

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија9 часа

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија10 часа

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...

Свет11 часа

Оружје и опрема вредни 250 милиони долари ќе добие Украина од САД

САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари. Помошта...

Македонија23 часа

Муцунски во Будимпешта се заблагодари за заемот и големата помош за справувањето со пожарите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна...

Македонија1 ден

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица, петмина хоспитализирани

Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во...

Македонија1 ден

(Видео) „Браќата на Филипче и Заев преку брза шема стануваат сопственици на ‘Фос имерас’ – соларна електрана“, вели Митева

„Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија. Покрај тоа што Венко Филипче...

Македонија1 ден

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: се работи за увезен случај од Србија

Институтот за јавно здравје потврди нов, втор случај годинава, на морбили кај дванаесетгодишно дете од Долно Коњари, општина Петровец. Детето...

Топ1 ден

Скопјанка и нејзиното бебе нападнати од куче скитник, пријавени уште два случаја на каснување

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во градот. На 5.9.2024, во...

Топ1 ден

14-годишник со уште две деца го запалил Расадник во Кисела Вода

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, предвидено и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде што завршуваат парите од семејните шеми

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста,...

Топ1 ден

Скопјанец се обидел да силува жена во Кисела Вода, ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил...

Македонија1 ден

Филипче мора да одговори зошто ја скрил фирмата во Петрич од анкетниот лист, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие, очигледно е местото од...

Македонија1 ден

Владата: Инвестиравме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Ова е историски највисок инвестициски циклус...