Црна хроника
Доживотна казна затвор за Виктор Карамарков
Доживотна казна затвор за Виктор Карамарков е пресудата која утрово ја донесе Основниот суд Скопје 1
Судот одлучи ја донесе оваа пресуда за дваесет и деветгодишниот Карамарков поради извршени четири убиства и две убиства во обид.Од судот го зедоа в предвид исказот на Карамарков даден во истражна постапка и сметаат дека деталите кои што ги напоменал Карамарков во исказот не можел да ги знае доколку не ги извршил овие дела и во тоа време бил во пресметлива состојба, јави новинарот на Макфакс.
Осудениот ја слушна пресудата и ја прими без многу емоции. Одбраната не е задоволна од пресудата и најави жалба.Според адвокатот на обвинетиот Сашко Дуковски, пресудата е донесеа во време кога случајот го воделе “ретардирани колеги“.Минатата недела Обвинителството го повлече обвинението за Виктор Карамарков за убиство на Босилка Красоевиќ поради немање на докази.
Карамарков беше уапсен минатата година на 27 октомври по неколку месечна потерница за претходно извршени кражби. Скопјанецот од населбата Ѓорче Петров до тогаш бил познат само како наркоман и деликвент, но не и како убиец.
Сите жртви ги убил со секирче завиткано во повеќеслоен најлон со десната рака ги удирал во десниот предел на главата.Жртвите т.е повозрасните жени кои ги убивал ги бирал случајно, по долго пешачење низ градот, ги ограбувал и ги убивал на најгрозоморен начин.
Мерката притвор за македонскиот „Раскољников“ продолжува се’ додека не стапи на сила пресудата – доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.