Црна хроника
Се самоуби притвореник во Гевгелискиот затвор
Притвореникот Васе Серафимов се самоубил давејќи се со чаршав, во петокот навечер на сабота во затворот во Гевгелија, соопшти Управата за извршување санкции
Изутрината во седум часот командирот на смена во Гевгелискиот затвор при отварање на просторијата забележал дека Васе Серафимов бил врзан за прозорецот со чаршаф пресечен од душеотк. Телото на притвореникот веднаш било спуштено со сечење на чаршавот за душек на подот и бил повикан затворскиот лекар и брза помош, но била констатирана смрт.Како што се наведува во соопштениоето, за настанот се известени и на лице место направиле увид претставник од Министерството за внатрешни работи – Гевгелија, истражен судија и јавен обвинител од Велес, заради преземање натамошни мерки и телото на Серафимов е предадено на обдукција.Упрвата соопшти дека против директорот на Гевгелискиот затвор е поведена постапка за утврдување одговорност, бидејќи не го почитувал решението на министерот за правда притворените лица од подрачјето на сите основни судови во земјата за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор да се упатуваат на издржување на мерката притвор во Затвор Скопје, во скопската населба Шутка. Васе Серафимов на 21 април во својот дом во Радовиш го уби својот татко Симеон. Требаше да му се суди за кривично дело убиство со лишување од живот при вршење семејно насилство, за кое според Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец насилно турнал момче во багажниот простор од возилото и барал да му каже кој удирал со снежни топки: го нападнал и неговиот другар
Ноќеска во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.
Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.
Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000: тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“.
Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.
Црна хроника
Полицајка издала службена тајна: на мобилниот од брат и кажала дека полицијата ќе извидува со дронови
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“, соопшти полицијата.
Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

