Црна хроника
Тројца скопјани пазареле со лажни платежни картички
Две лица се уапсени, а по третото се трага поради фалсификување на платежни картички
Единицата за борба против компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 26. годишниот Д.Ч. од Скопје, како и против 22. годишните В.С. и Н.М. исто од Скопје, поради изработка и употреба на лажна платежна картичка.Имено, во април оваа година, тројцата заедно аплицирале и подигнале 11 платежни картички од повеќе банки. По земањето на картичките, Д.Ч. ги изменил податоците на магнетната лента на картичките, вметнувајќи податоци на странски државјани кои имале сметки во странски банки. Тројцата започнале да ги употребуваат лажните картички купувајќи роба во вредност од вкупно 55.495,00 денари.Од страна на Единицата за борба против Компјутерски криминал, на продажно место во ГТЦ во Скопје, затекнат е В.С. во моментот кога купувал стока со лажна платежна картичка. Притоа, кај него, покрај картичката со која ја вршел нелегалната трансакција, пронајдена е уште една лажна картичка.Полицијата извршила претрес во домот на Д.Ч. при што пронајдени се повеќе платежни картички издадени од три домашни банки, на име на трите пријавени лица, а по извршените проверки утврдено е дека девет картички се лажни, односно оригиналните податоци се изменети и вметнати се податоци на платежни картички издадени од други странски банки.В.С. и Н.М. го признале делото, додека по Д.Ч. кој е во бегство, полицијата распишала потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.