Црна хроника
Двајца Албанци од Македонија убиени и еден ранет на Косово
Двајца Албанци од Македонија се убиени, а третиот македонски Албанец за кој што се шпекулираше дека исто така е убиен, бил само ранет, соопштуваат од косовската полиција. Другите двајца убиени се косовски државјани
Од таму не соопштуваат детали. Само потврдуваат дека имало инцидент и дека има загинато македонски државјани.„Не можеме да потврдиме дали се работи за престрелка. Ова се информациите кои можеме да ви ги дадеме“ изјави за Макфакс, Баки Кењани, портпарол на косовската полиција.Инцидентот го потврди и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.„Ние веќе стапивме во контакт со косовската полиција, околу потврдување на идентитетот на лицата и проверка на нивниот престој, преминот на границата, легалноста на нивниот престој и евентуалното постоење на криминално досие. Во текот на денот ќе имаме поконкретни информации за профилот на лицата кои загинаа на територијата на Косово“ изјави Јанкуловска.Утрово околу четири часот во близина на косовскиот град Витина, во регионот Гњилане, непознати сторители убија четири лица.Од нив двајца се Албанци од Македонија, двајца се од Косово. Првично имаше информации дека се убиени тројца Албанци од Македонија, но третиот македонски државјанин бил ранет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

