Црна хроника
Битолчанец за час и половина ограбил две аптеки и трафика
Битолчанец за час и половина вчера од 14:50 до 16:30 часот ограбил две аптеки и една трафика во центарот на Скопје
Како што соопштува МВР, полицијата го привела триесет и двегодишниот битолчанец веднаш по грабежите на аптеката „Ескалуп“ трафиката „Тобако- Прима“ и се обидот за грабеж на аптеката „Виола“, сите лоцирани во централното градско подрачје.Вооружен со пиштол и со закана дека ќе ги убие вработените разбојникот го крадел дневниот промет и бегал. Според пријавите на оштетените, разбојникот успеал да украде околу 5.700 денари.Полицијата го уапсила во близина на железничката станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за две разбојништва и обид за разбојништво.Од информативниот разговор е утврдено дека разбојникот ограбил уште две аптеки во Прилеп и две во Охрид.Рано утрово околу 4:15 часот ограбен е и „Астра клуб“ кој се наоѓа кај стара рампа. Разбојникот вооружен со пиштол украл 260.000 денари и заедно со уште едно лице кое го чекало во возило избегале. Полицијата трага по разбојниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.