Црна хроника
Апсења на шверцери на артефакти
Во тек е голема полициска акција за приведување на диви копачи на археолошки наоѓалишта и недозволена трговија со археолошки артефакти, потврди денеска во Скопје министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Досега се приведени 48 лица, а претресени се околу 60 објекти, каде е пронајдено големо количество монети, керамика и други археолошки артефакти што биле предмет на недозволена трговија.Акцијата се спроведува во повеќе места во Македонија и тоа во Прилеп, Крушево, Неготино, Марвинци, Штип. Со оглед дека акцијата е се уште во тек министерката Јанкулоска не сакаше да го соопшти идентитетот на уапсените и детали најави за подоцна или за утре.
Се апсат полицајци, бизнисмени, директори, општински советници кои организирано шверцувале културно наследство и профитирале од овој нелегален бизнис, дознава Макфакс.
Со оглед дека акцијата е се уште во тек, Министерството за внатрешни работи (МВР) не ги соопштува имињата на уапсените, но меѓу нив се споменуваат и началници на полициски станици.
Досега се уапсени 48 лица, претресени се 60 објекти во осум градови, Прилеп, Штип, Струмица, Неготино а и пронајдени се голема количина на метални монети, керамика, статутки, фрески, со кои профитирале дивите копачи.
„Ги отфрламе сите обвинувања и шпекулации кои можат да бидат поврзани со овој случај бидејќи нашата единствена цел со оваа голема полициска акција е да се расчистат кривичните дела поврзани со недозволена трговија со археолошки предмети. Со оглед на тоа што ова е полициска акција која тече и во овој момент, не сме во можност да даваме информации во поглед на идентитетот на лицата, со оглед на финалниот број на пронајдените предмети, меѓутоа во текот на периодот што следува, денеска подоцна или во текот на утрешниот ден зависно како ќе течат претресите, детално ќе ја информираме јавноста за сите информации и податоци поврзани со оваа полициска акција“ изјави министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Во Македонија, според познавачите, егзистираат голем број на групи на диви копачи кои дејствуваат и крадат најчесто кај Марвинци, Мариово Вранче, Чепигово, Стоби, Хераклеја, Скупи.
Антиквитетите најчесто се одлеваат во Грција, земјите на Западна Европа, а некои го продолжуваат патот и кон САД.
Во илегалниот бизнис се знае кој копа, кој посредува, кој купува. Голем број на диви копачи од странство, авантуристи и криминалци се почесто ја осиромашуват земјава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.