Црна хроника
Загина камионџија на Стража
Во сообраќајна несреќа која се случила во петок навечер околу 21 часот, на превојот Стража, загинал 51-годишен возач на шлепер, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Според СВР Тетово, сообраќајката се случила на регионалниот патен правец Гостивар-Кичево на еден километар пред превојот Стража. Во засега неутврдените околности се судриле, камион со приколка „ман” сопственост на претпријатието „Пофикс” што го управувал А.А (48) од Тетово додека се движел кон Гостивар, кој налетал на камион „мерцедес” со охридски регистерски таблички.При сударот, камионот „ман” удрил во левата страна на возачката кабина на „мерцедесот”, што било фатално за неговиот возал возачот Петре Ц. од Долно Средоречје, Дебарца. Екипи на против-пожарната единица од Гостивар, час и половина се обидувале да го извлечат возачот на „мерцедесот” по што, во бесознание бил пренесен во гостиварската болница, каде починал. Сообраќајот на патниот правец Гостивар-Кичево беше во целосен прекин до 2 часот утрово.Увид на местото на несреќата извршил истражен судија, обвинител и екипи на крим-техника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.