Црна хроника
Повторно одложен главниот претрес за случајот „Мавровски работници“
Причина за одложувањето на главниот претрес за случајот „Мавровски работници“ е тоа што еден од обвинетите, Руфи Османи, не можел да дојде поради здравствени причини
И претходниот судски процес беше одложен од истата причина.Адвокатот Таип Елези вели дека не знае дали одолговлекувањето на процесот има политичка заднина.Во случајот „Мавровски работници“ 23 лица се обвинети за малтретирање на градежни работници од конфликтот во 2001 година. Еден од обвинетите, Шабан Зенули, беше застрелан во полициската акција за спречување на шверц со оружје, а Таип Рушити се самоуби во КПД „Идризово“.Ова е еден од четирите случаи кои Хашкиот трибунал ги врати на процесуирање во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.