Црна хроника
Започна судскиот процес за случајот „Албатрос“
Започна судскиот процес против дваесетмината обвинети од случајот „Албатрос“, во кој обвинетите се товарат за трговија на луѓе и шверцување на мигранти
Судскиот процес не е отворен за јавноста бидејќи меѓу обвинетите има малолетник. Минатата седмица судскиот процес не стартуваше токму поради отсуство на малолетникот, како и отсуството на еден од адвокатите.Меѓу обвинетите е и братот на Дилавер Бојку, Башким Бојку и и неговиот внук, Бојку Бесфорт.Башким Бојку се товари дека заедно со Даути Фљамур и Исмаили Алфрет и албанските државјани Дели Ликај и Гентијан Ѓона ја организирале меѓународната група. Од септември до декември минатата година организирале 26 транспорти на илегални мигранти по цена од 1.500 до 2.500 евра по мигрант.Мигрантите биле пренесувани од Албанија во Македонија, а потоа во Грција. Бојку и Ислами остварувале телефонски контакт со Ликај и Ѓона кои организирале превоз во Албанија,а потоа организаторите од Македонија ги прифаќале кај граничниот премин Ќафасан. Илегалците потоа продолжувале кон Гевгелија, а потоа во Грција. Во акцијата која ја спроведе полицијата во февруари се апсеше во Велешта, Кичево, Охрид, Битола, Скопје, Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.