Црна хроника
За три часа украдени три паричника на скопските клиники
За три часа во понеделникот на неколку клиники во Скопје биле украдени три паричника, соопшти Министерството за внатреши работи
Првата кражба се случила околу 9:30 часот во Поликлиниката „Бит Пазар“, кога непознат сторител украл женска чанта во која имало паричник и лични документи.Втората кражба била пријавена во полициската станица Центар. Шеесет идве-годишна скопјанка пријавила дека околу 10:30 часот во Клинички центар на одделот за пластична хирургија, непознат крадец и го украл паричникот од нејзината чанта, во кој имало 300 денари и лични документи.По час и половина на клиниката бил украден уште еден паричник, овојпат во клиниката за неврохирургија. Арамијата го украл паричникот од пластична кеса, а во него имало 150 евра, 10 илјади денари и лични документи.Во трите случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, но не соопштуваат дали можеби се работи за ист краде
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.