Црна хроника
Мадам Пепи осомничена и за перење пари
Триесет идевет-годишната Персида Момировска, позната како Мадам Пепи ќе треба да одговара пред судот за уште едно обвинение, овојпат полицијата поднесе кривична пријава за перење пари
Персида Момировска е осомничена дека пуштила во оптек нелегално стекнати 20.849.610 денари (околу 340 илјади евра).Како што соопштуваат од МВР, Момировска во март 2009 година уплатила 1.823.475 денари (околу 29.500 евра) на сметка на „Порше Македонија“ за набавка на автомобил „ауди А4“. Уплатата ја разделила на три дела со цел банката преку која е вршена трансакцијата да не може да ја пријави ваквата трансакција до Управата за спречување на перење пари.Останатиот дел од нелегално стекнатите пари Момировска ги чувала во сеф во „Алфа банка“, каде е најден износ од 72.800 евра, а покрај тоа таа поседувала и сметка во Комерцијална банка, каде имала прилив и одлив на пари за кои што не постои доказ дека се легални примања, велат од МВР.Најголемиот дел од нелегално стекнатите пари осомничената ги трошела надвор од државава за купување стока, а на италијанската граница пријавувала пари за кои Царинската служба на Италија и издавала Декларација за трансфер на пари еднакви или поголеми од 10.000 евра, а на вкупен износ од 221.600 евра..Полицијата соопшти дека вкупниот износ за кој што се обезбедени докази се однесуваат само на средствата што осомничената ги употребила за купување на моторно возило „ауди А4“, парите најдени во банкарскиот сеф, како и девизите што ги пријавувала при влез во Италија.Инаку, Персида Момировска пред еден месец беше осудена на пет години затвор за шверц на облека и трговија со кокаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.