Црна хроника
Организаторката на екскурзијата на жртвите од „Илинден“ пред суд
Случајот кој се води против организаторката на несреќната екскурзија во Охрид, Борјана Георгиева е планиран да се одржи во четврток во судот во Димитровград
Борјана георгиева е обвинета за организирање на туристички патувања во странство без потребната лиценца.Ако биде прогласена за виновна, предвидената санкција е парична казна во износ од илјада до пет илјади евралева.При организирањето на екскурзијата од страна на Борјана Георгиева минатиот септември, за време на прошетка со брод по Охридското Езеро дојде до превртување на бродот, при што загинаа 15 бугарски државјани.На 2 јули обвинителот во случајот, Атанас Палхутев, ги поднесе до судот материјалите со декрет за ослободување на Георгиева од кривична одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.