Црна хроника
Илиевски пуштени од притворот
Млекарот Душко Илиевски заедно со неговиот брат и татко излегоа од притвор, откако истражен судија од битолскиот суд донесе решение за укинување на притворот и ги пушти да се бранат од слобода
„Дефинитивно излегоа од притвор, сега моментално се наоѓаат во нивниот дом. Тука има собрано многу граѓани кои ја поздравија одлуката на судот“ изјави за Макфакс, адвокатот на фармерите, Васко Георгиев.Случајот на Илиевски од одделот за организиран криминал при основното јавно обвинителство во Скопје се врати во битолското јавно обвинителство.Скопското обвинителство се прогласило за ненадлежно да одлучува за овој случај бидејќи тука немало организирано одгледување на марихуаната. Како што ни изјави Георгиев, решението било донесено на предлог на јавниот обвинител од Битола.МВР ги сомничи Илиевски за недозволено производство на марихуана. Битолската полиција во градината на семејството Илиевски во Градско поле, пронајде 207 стебла канабис сатива. Илиевски тврдеше дека тоа е див коноп и дека ова е политичка хајка против него.СДСМ обвини дека Илиевски, кој на последниот митинг на СДСМ ја критикуваше власта, е нејзина жртва, а ВМРО– ДПМНЕ реагираше што СДСМ брани луѓе кои одгледуваат дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.