Црна хроника
Не издржа бебето на починатата велешка родилка
По шест дена живот на апарати, утрово почина новороденчето на Лиле Мајсторова
од Дијана Иванова, ВелесБебето што пред шест дена беше донесено на свет, од сега починатата Лиле Мајсторова почина во среда околу 9 часот почина. Лекарите констатирале смрт, откако бебето не давало знаци на дишење и немало никакви мозочни реакции.По смртта на родилката, бебето беше префрлено на Клиниката за детски болсти во Скопје. Шест дена со помош на апарати се бореше за живот, лекарите а и неговите најблиски се надеваа дека ќе го спасат, нивните напори невродија со плод. Крајот е трагичен.Инаку денеска од велешката болница изјавија дека условите на гинеколошкото одделение се безбедни за породување, иако во овој случај не излезе така.Интерната комисија на Велешката болница не констатирала грешка на лекарскиот тим кој во понеделникот утрото ја породуваше сега починатата 45-годишна Лиле Мајсторова, рече во вторникто директорот др. Ванчо Граматов.„Мислењето на комисијата е дека се што е преземено со пациентката е правено според позитивните медницински стандарди. Но, за жал, и по се што е направено пациенткаат е почината“, рече д-р Граматов.Одговорот на прашањето кое го бараат и роднините но и јавноста единствено ќе се знае откако ќе се добијат резултатите од обдукцијата која ја работи Институтот за судска медицина од Скопје.Директорот, др.Граматов ја отфрла можноста за немилиот случајвлијание да има лошата техничка опременост на гиниколошкото одделение. Не се согласува ниту со констатациите дека симптоматично е во 21 век да починуваат пациенти на породување и на операции од слепо црево.„Не би го коментирал тоа. Рутински операции во гиникологија и хирургија нема“, вели др. Ванчо Граматов.Контрола во велешката болница вчера извршија и инспекции од Министерството за здравство. Во вторникот беше погребана и Мајсторова, која зад себе го остави сопругот и двете малолетни ќерки.Во четвртокот 45-годишната Лиле Мајсторова по полноќ во родилната сала на гиниколошкото одделение започнала да се пораѓа. Според изјавата на директорот на болницата д-р Ванчо Граматов пораѓањето започнал нормално но во еден момент настанале компликации.Директорот на велешката болница вели дека Институтот за судска медицина го има последниот збор. Резултатите од обдукцијата ќе ја откријат причината за смртта родилката на која оваа бременост и била трета.Ова е трет случај во последниве десет години родилка да почине на породување.Во 2000 почина Анета Костова, три години подоцна откако на свет донесе машко бебе, искрвари и умре Бојанка Игнова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.