Црна хроника
Во јуни 34 кражби во Велес
За крадците во Велес најатрактивен бил златниот накит, па следат парите и техничката стока
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, во изминатот месец регистрирани се вкупно 34 кражби. Од нив 11 се квалификувани како „тешка кражба“ при што крадците употребиле алат за да дојдат до пленот, а другите се 23 случаи с еквалификувани како дела обични „кражби“.Статистички, најатрактивен за крадците е златниот накит. Во најголем број случаи златото е предмет на кражба. По него следуваат парите, мобилните телефони, радио- касетофони, мопеди, акумолатори, работни машини, техничка роба.Во овој период крадците се почесто ограбувале работни машини, апарати за заварување, машина за перење автомобили, рачна пумпа за наводнување . Истите, според полицијата ги продавале за минимална цена.Исто така, во изминатиот период зголемен е и бројот на кражби на техничка роба, од дуќани и домови. Мета на овие кражби биле мобилни телефони, компјутери, радио касетофони, двд и слично. Арамиите со техничката роба заработувале лесно и истата многу брзо ја пласирале на црниот пазар.Од СВР Велес, велат дека во летениот период се почести се и кражбите по домовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.