Црна хроника
Грчки бизнисмен во Велес се жали дека изел ќотек
Грчкиот бизнисмен Каравуламис тврди дека бил физички нападнат од неговиот велешки партнер, кој негира
Од Дијана Иванова, Велес
Василис Каравуламис, грчки бизнисмен денес бил физички нападнат од Сотир Ампов, партнер во фирмата ДИДО Груп. Според Каравуламис, вработените на капијата во заедничката фабрика, поранешна велешка „Свиларница“, најнапред го информирале дека тој не може да влезе во кругот на компанијата. Наместо одговор зошто му се ускратува можноста за слободно движење во сопствен имот, обезбедувањето го фатило за раце а неговиот ортак Ампов, започнал да го удира по главата и телото.Грчкиот бизнисмен е пренесен на Хирушкото одделение во Велешката болница, каде што му е укажана лекарска помош.„Сотир и неговиот брат Михајло сакаат да ме избркаат од Македонија. Јас не сакам да си одам, бидејќи тука сум 11 години и имам 50 проценти од капиталот на ДИДО Груп. Овој комбинат пред кој Сотир денес физички ме нападна и не ми дозволи да влезам, го купивме со заедно“, рече Василис Каравуламис.Василис му порача на својот ортак – „Не се плашам, нема да ја напуштам Македонија, нема да ме избркате од компанијата а и да ме тепате “Јавно Ампов одби да го коментира настанот. Во телефонскиот разговор со новинарите негираше дека физички го нападнал Василис. Според информации од СВР Велес, Сотир Ампов вчера бил повикан на разговор. По сослушување на инволвираните лица, СВР Велес ќе излезе со официјално соопштение за јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.