Црна хроника
Mомче се удави во Охридско Езеро
Дваесет и едногодишно момче се удави во сабота попладне се удави на плажата „Славија“, соопшти СВР Охрид, но детали како се случил трагичниот настан се’ уште нема. ова е прв случај на давење во Охридското Езеро оваа сезона
Неофицијално станува збор за момче од Прилеп кое се возело со педалинка во необележан дел надвор од капалиштето, дознава Ohridnews. Момчето според непотврдени информации од очевидци скокнало од педалинката да се освежи и се удавило. Присутните на плажата веднаш испливале да му помогнат, а била повикана и брза помош која се обидела да го реанимираат момчето, но без успех.Извршен е увид на местото на несреќата од страна на екипа на СВР Охрид во присуство на истражен судија и јавен обвинител. Телото на давеникот е предадено во Градската болница во Охрид, каде ќе биде избршена обдукија за утврдување на причините за смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.