Црна хроника
Почина затвореник во гевгелискиот затвор
Осуденикот Рамис Аметов од Кавадарци во неделата, два дена по приемот во затворот во Гевгелија, почина во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Управата за извршување на санкции.
Според Управата, уште при самиот прием на 19. годишниот Рамис, било утврдено дека бил зависник од метадон, а според неговите изјави последен пат примил метадонска терапија на 28-ми минатиот месец.Центарот за превенција и третман од злоупотреба на дрога од Гевгелија, по неговиот преглед му утврдиле метадонска терапија од четири кубика.„Утрото на 01.08.2010 година командирот на Установата сакал да го пробуди осуденото лице Аметов Рамис бидејќи не станал да појадува, забележал дека лицето не можело да го разбуди и дека дишењето му било значително отежнато“ се вели во соопштението на Управата за спречување на санкции.Рамис бил однесен во гевгелискиот медицински центар, а од таму бил препратен во Ургентниот центар во Скопје, каде што по половина час починал.Телото е предадено на обдукција.Неговите родители, пак, во дел од медиумите изјавуваат дека се сомневаат во смртта на својот син и мислат дека бил тепан во полициската станица, еден ден пред да биде однесен на издржување затворска казна во затворот во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.