Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Штип – четворица мртви
Четири лица ги загубија животите во среда во тешка сообраќајна несреќа на локалниот пат Криви Дол – Кадрифаково, во близина на Штип
Несреќата се случила десетина минути пред 13 часот, кога директно се судриле две патнички возила, марка „Голф“, информираат од штипската полиција.Според првичните информации, едниот од двата голфа, од засега непознати причини преминал во спротивната лента и директно удрил во другото возило.„Четворица мажи на кои сè уште не им се открива идентитетот, загинале на лице место, а двајца со тешки повреди се префрлени во болница“, вели за Макфакс портпаролката на штипската полиција, Снежана Санева.Од СВР Штип сè уште вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е пренасочен по стариот пат за Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.