Црна хроника
На семејна веселба во Житоше ранети две лица
Две лица се хоспитализирани поради прострелни рани здобиени на семејна веселба во прилепското село Житоше, соопшти во сабота полицијата
Повредените Ј.Н. на 36 годишна возраст и 26. годишниот В.С. биле пренесени во Медицински центар-Прилеп, каде што на првиот му била санирана прострелна рана во пределот на вратот, додека на другиот во пределот на стомакот.По анализата на чаурите, полицијата утврдила дека на веселбата пукал 61. годишниот В.И. од Житоше. Против него ќе биде покрената соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.