Црна хроника
Момче од Велес се удави кај Струга
Кај местноста ткн. Машка плажа во Струга, доцна попладнево се удави шеснаесетгодишно момче од Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи, чие тело се“ уште не е извдено од водите на Охридското Езеро
Несреќата се случила по 18 часот, кога според кажувањата на очевидци, момчето Риад С. од велешко Бузалково заедно со татко му се возело на педалинка на поголема одалечност од брегот. Момчето рипнало од педалинката, но по неколку секунди но не се поавило на површината по што таткото почнал да бара помош. И двајцата биле непливачи. Веднаш биле алармирани спасителите, но и покрај нивните напори момчето се уште не е пронајдено.Бидејќи се работи за поголема длабочина потрагата по телото на момчето траеше повеќе од три часа. Во потрагата се вклучени спасувачки екипи на Црвениот крст од Охрид, нуркачи и членовите на едриличарскиот клуб од Струга.На лице место се наоѓаат и истражен судија од струшкиот Основен суд и полициски екипи. Од полицијата засега не соопштуваат детали за несреќата. Информираат дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден. Потрагата по удавеното момче, во која е вклучена и нуркачка екипа, најверојатно ќе продолжи утре.На местото на настанот извршен е увид од страна на надлежнните органи, а истрагата треба да утврди како се случила несреќата.Концесионерот на машка плажа, Шефи Речи изјавил дека неколкупати било укажано педалинките да бидат отстранети од плажите, но дека тој не сноси никаква одговорност, бидејќи несреќата се случила надовор од обележаната граница за капење. Ова е второ давење во Охриското Езеро годинава со педалинка. Минатиот викенд на охридската плажа Славија, исто така надвор од безбедносната зона се удави 21-годишно момче од Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.