Црна хроника
Сопружници од Велес фатени со 2,5 килограми марихуана
Со 2,5 килограми марихуана, вчера полицијата ги фати сопружниците Л.М. (42) и С.М. (43) од Велес.Ќе одговараат за неовластено производство и промет на наркотични дроги
На наплатната рампа Сопот, вчера пред полноќ, полицијата го сопрела Л.М. кој со својот автомобил марка БМВ со бугарски регистарски таблички и сопругата си иделод Скопје.По извршениот претрес на возилото, на задното седиште пронашле најлонско пакување со мариухана, тешко околу 2,5 килограми. Брачниот пар веднаш бил приведен во полициската станица во Велес, а возилото и дрогата се доставени на вештачење во одделот за крим техника во Мнинистерството за внатрешни работи. „По извршените проверки, добиени се сознанија дека дрогата била купена од непознато лице од Скопје, а била наменета за продажба на лице од Радовиш. СВР Велес до надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава против двајцата сопружници за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. Велешанецот Л.М. и е добро познат на полицијата. Пред 17 години, заедно со уште двајца сторители, извршил убиство, за која одлежа затворска казна. Повеќепати е пријавуван за кривични дела против имотот и од областа на дрогата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.