Црна хроника
Четворица лесно повредени во верижна сообраќајка
Верижна сообраќајна незгода се случи ноќеска на главната улица во Велес, во коај за среќа учесниците минале само со лесни телесни повреди
На главната улица, пред ресторан Панини, ноќеска околу 2.30 часот се случи сообраќајна незгода во која во верижен судир се удриле четири автомобили и еден скутер. При судирот четири лица се здобиле со лесни телесни повреди кои по лекарската интервенција во хируршкотоодделение во велешката болница се пуштени на домашно лекување.До незгодата дошло кога автомобилот Алфа ромео кој го управувал И.Б.(27) од Велес се движело зад патничкото возило Пежо 307, управувано од дваесет и седумгодишниот Д.С, удрило во него. Од ударот пежото се занело десно и удрило во паркирана Опел корса, паркирано од триесет и две годишниот А.Т. Потоа корсата удрила во скутерот, а тој во полото, паркирано од дваесет и шест годишниот Т.Т. Според првичните информации до сообраќајната незгода дошло поради тоа што возилата не држеле потребно растојание на движење меѓу себе.Екипа на СВР Велес извршила увид на местото на несреќата и по целосно документирање на случајот сторителите соодветно ќе бидат казнети
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.