Црна хроника
Французи истепаа скопјанец зошто е бунел за гласна музика
Жител на скопската населба Бутел синоќа бил истепан од двајца Французи, бидејќи им замерил што пуштиле гласна музика во автомобилот, кој бил паркиран пред неговиот дом
Како што соопшти МВР, инцидентот бил регистриран на ул.„Бутелски Венец“, кога лицата С.Ј.(1991) и Е.Ј., двајцата од Франција физички го нападнале Ѓ.А.(1977), со место на живеење на горенаведената адреса, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на оток и модрици.Причина за физичкиот напад е тоа што француските државјани застанале со своето возило пред куќата и пуштале гласна музика, при што оштетениот реагирал и лицата физички го нападнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.