Црна хроника
МВР го потврди случајот со македонскиот „Фрицл“
Министерството за внатрешни работи денеска и официјално потврди дека велешанец на возраст од 41 година доби кривична пријава поради основано сомнение дека си ги силувал трите ќерки
Покрај тоа што е осомничен за „Родосквернавење“, велешанецот се товари и дека извршил кривично дело „Телесна повреда“ над неговата 38-годишна сопруга.Во Медицински центар Велес извршен е гинеколошки преглед над децата кој потврди дефлорација кај сите три девојчиња. Покрај физичките, кај девојчињата биле препознатливи и длабоки психички трауми од преживеаното.„Според досега добиените сознанија, осомничениот со примена на сила честопати го извршувал грозоморниот чин, подолг период наназад, во време кога мајката на девојчињата не била присутна дома“, се наведува во соопштението.Во соработка со Центарот за социјални работи, обавен е разговор со сопругата на осомничениот и трите малолетни деца, која истакнала дека од почетокот на заедничкото брачно живеење осомничениот физички и психички ја малтретирал и неа и нивните деца.Осомничениот е приведен и задржан во просториите на СВР Велес и во текот на денешниот ден заедно со кривичната пријава ќе биде изведен пред надлежен Истражен судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.