Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајка на патот Велес-Скопје
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, што доцна синоќа се случила на автопатот Велес-Скопје, во близина на тунелот кај Катланово, соопшти денеска МВР
До несреќата дошло откако патничко возило „рено меган“ со скопски регистерски таблички поради неприлагодена брзина и не држење на растојание удрило во камион со струмички регистерски таблички.Од здобиените повреди при незгодата, на лице место починал возачот на реното, од Блаже М.(1954) од Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.