Црна хроника
Амбасадата на Србија го потврди идентитетот на загинатиот во охридската тепачка
Станува збор за 34-годишниот Дејан Новаковиќ од Белград, кој загина по тепачката што се случи рано изутринава околу три часот во центарот на Охрид
Инцидентот почнал во ноќниот клуб „Хавана“, во центарот на градот, по банална расправија и вербална пресметка за девојка, по што дошло до турканица и тепачка пред локалот. Потоа следувала брканица низ центарот на Охрид, од пред влезот во локалот, пред седиштето на манифестацијата Охридско лето низ чаршијата до пред влезот во централната пошта во Охрид.Очевидци на настанот рекле дека група од десетина луѓе крвнички тепале едно лице пред влезот во Охридската пошта, по што отишле во непознат правец, оставајќи го претепниот на тротоарот. Набрзо на лице место пристигнала полиција и возило на итната медицинска помош.Од Амбасадата на Република Србија во Македонија го потврди идентитетот на жртвата. Официјална реакција најавија откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата и од полициската истрага. МВР ги потврди информациите за инцидентот, но не соопштени детали за учесниците во тепачката. Информации за текот на инцидентот би можеле да се добијат и од снимките на видео-камерите поставени на сите околни објекти каде се случил инцидентот.Во охридската полицијата утрово на информативен разговор биле повикани триесетина лица, дел учесници во тепачката, а дел очевидци. Се преземаат мерки за расветлување на трагичниот инцидент.Порталот Ohridnews пренесува сведоштво на очевидец на трагедијата. „Момче од чаршијата трчаше во правец кон поштата и викаше хистерично: Полиција! Полиција! – Се бркааа и забележав дека еден беше паднат кај поштата и другите луѓе што беа позади него почнаа да го клоцаат. Паднатиот бранејќи се со рацете на главата им викаше: „ Добро људи шта сам вам урадио!“ (Добро луѓе што ви направив!, на што тепачите му возвратија: „Видечеш ти шта си урадио!“ (Ќе видиш што направи!) и продолжија силно да го удираат со нозе по главата и телото, по што се оддалечија од местото, раскажува Горан Димитриески, чувар на тезгите во непосредна близина на охридската пошта. Тој прв му пристапил на момчето да му помогне, а по неколку минути пристигнала полицијата и возило на брзата помош.„Лекарката кажа дека пулсот на момчето е многу слаб по што го ставија во возилото на брзата помош. Подоцна ми кажаа дека тоа починало, вознемирено кажува очевидецот, кој вели дека не го познавал момчето, а не ги знае ниту тие што го тепале.МВР ги потврди информациите за инцидентот, но не соопшти детали за инволвираните во тепачката. Неофицијално се дознава дека меѓу тепаните гости од Србија има и блиски роднини на лица со висок чин во српската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.