Црна хроника
Осум лица обвинети за убиството на српскиот турист во Охрид
Охридската полиција поднесе кривични пријави за „убиство“ против осум лица за вчерашното претепување до смрт на српскиот турист Дејан Новаковиќ од Белград
Седуммина од пријавените се македонски државјани кои се веќе приведени, а еден српски државјанин кој засега е недостапен на надлежните. Еден од нив е осомничен и за „помагање на сторител по извршено кривично дело“, соопшти МВР. Заедно со доказниот материјал во текот на денов пред надлежниот истражен судија ќе бидат изведени охриѓаните К.М.(1976), Н.Ѓ.(1984), Ш.П.(1980) од с.Велгошти, Ј.И.(1984), Ч.Б.(1984) од с.Мешеишта, Ш.Ј.(1979) од с. Велгошти и Ѓ.Ј.(1985) од с.Мешеишта, а по Драган Ѓорѓиевиќ (1981) од Лесковац, Србија, ќе биде распишана потерница. Осомничените биле идентификувани доцна синоќа. Според првичните наоди од обдукцијата врз телото на починатиот Дејан Новаковиќ од Белград, потврдено е дека срцето престанало да работи како резултат на силен удар со тврд и тап предмет во градите, додека при извршениот лекарски преглед врз другарот на починатиот нема констатирано тешки телесни повреди.При увидот што го извршиле СВР Охрид, јавен обвинител и Новаковиќ со удари со раце и нозе, соборувајќи го на плочникот пред влезот од објектот. Сакајќи да му помогне, неговиот другар Горан Периќ се обидел да го извлече од опкружувањето, но и тој бил физички нападнат од истите лица. Во тој момент Дејан успеал да се оттргне и се дал во бегство упатувајќи се кон градскиот плоштад и по улицата „Свети Климент Охридски“, скршнал пред обложувалницата „Премиер“, ја поминал улицата .„Булевар Македонски Просветители“ и стигнал пред влезот на објектот од Поштата, каде го стигнале осомничените, го собориле на плочникот и со удари со раце и нозе му нанеле тешки телесни повреди, од кои починал на лице место. По настанот осомничениот Н.Ѓ. со намера да им помогне на лицата учесници во настанот да не бидат откриени, ја избришал датотеката од компјутерот во кое стои видео записот од безбедносните камери поставени во ноќниот клуб, а се однесува на критичниот период кога е сторен настанот. Исто така и’ наредил на вработената во објектот како хигиеничарка да ги исчисти трагите од крв во дел од објектот каде што немала задолжение да чисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.