Црна хроника
Пронајдено телото на удавеното дете во Стрежевското езеро
Специјални нуркачки екипи од Скопје денеска го пронајдоа телото на осумгодишното дете, кои вчера исчезна во водите на Стрежевското езеро, соопшти МВР
Осумгодишниот Нафи Е. од Битола исчезна вчера околу 11.30 часот, кога скокнал во водата, што не се појавил на површината.Детето се капело во водите на езерото заедно со уште три другарчиња.Во Битолската полиција исчезнувањето било пријавено во текот на саботата, околу 11 часот. Како што велат од полицијата, им било кажано дека детето утрото се упатило кон Стрежевското Езеро. И покрај обидите да се пребара теренот каде што неофицијално се претпоставува дека е удавено детето, сепак ќе се чека на специјални нуркачки екипи. Роднина на детето изјави дека детето со уште тројца други другари се капеле во водите на Стрежевското езеро, но кога излегле забележале дека нивниот другар го нема. Во непосредна близина имало и рибари и кога виделе дека три деца излегле од езерото а не четири алармирале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.