Црна хроника
Телото на настраданиот српски турист испратено за Белград
Македонската полиција и Обвинителството да си ја завршат работата како што треба – порача во Охрид братот на Дејан Новаковиќ кој во петокот беше претепан до смрт
Тој денеска по идентификацијата и завршување на потребните формалности од охридската капела го презеде телото на неговиот брат. Скршен од болка и низ солзи, на заминување кон Белград побара од македонските власти праведно да ги казнат сторителите на грозоморниот чин.„Задоволен сум од трудот на полицијата и инспекторите. Единствено замерувам што полицијата не била во близина на местото каде што се случила несреќата, кое е познато по проблеми. Благодарен сум на градот Охрид кој сега ќе го напуштам, изјави на заминување од Охрид, Ненад Новаковиќ, брат на убиениот српски турист.Тој истакнал дека не постои причина да се јави омраза меѓу македонскиот и српскиот народ. Сепак, како што пренесува Охридњус, Новаковиќ рекол дека не ќе може да доаѓа во Охрид за да не ми минуваат некои стари спомени и лоши слики низ главата, што не значи дека догодина Охрид нема да биде полн со српски туристи, под услов ваквите дела бидат казнети.Седумтемина охриѓани, осомничени за убиството на српскиот турист од притворското одделение во Шутка денеска под силно полициско препознавање беа донесени во охридскиот Основен суд за повторен распит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.