Црна хроника
Немало оружје во заложничката драма во Битола
Полицијата не пронашла огнено оружје ниту во станот, ниту кај синот, Сашо Ангеловски, кој вчера десет часа ги држеше во заложништво своите родители во семејниот стан на улица „Јосиф Христовски“ во комплексот „Грозд“, соопшти МВР
На вештачење е предаден само ножот, со кој Ангеловски неколку часа на терасата на станот се закануваше дека ќе си го одземе животот, како и дека ќе посегне по животот на полицајците.„По претходно издадена судска наредба, во споменатиот стан е извршен претрес, а на приведените им е направена ,,парафинска ракавица,, заради утврдување на евентуално присуство на барутни честички, а за вештачење е предаден и нож пронајден во станот. СВР Битола по целосното документирање на настанот, материјалот ќе го предаде на ИС од ОС во Битола на натамошно постапување“ соопштуваат од МВР.Од таму немаат објаснување, од каде соседите слушнале истрели вчера, кога и го пријавиле случајот. Вчера околу 12:30 часот, соседите од зградата телефонски го пријавија случајот. Тие тврдеа дека слушнале гласно викање, расправии, закани по животот, како и дека слушнале звуци кои биле идентични на истрели од оружје.Во расчистувањето на заложништвото беа вклучени голем број специјалци, противпожарни служби, преговарачи и екипи на итната медицинска помош.„Но откако и тој обид беше неуспешен, а по претходно издадена судска наредба, беа превземени соодветни мерки и активности за влегување во станот и приведување на учесниците во настанот. Притоа беа приведени 69-годишниот Б.А. и неговата сопруга 67-годишната М.А. и двајцата од Битола “ се вели во соопштението на МВР.Сашо Ангeловски, по извлекувањето на неговите родители до последно остана на терасата од станот и одбиваше да се предаде.Во вторникот по повеќечасовни преговори, полицијата околу 22 успеа да го извлече од станот кој се предаде. Марија и Борче Ангеловски беа повеќе часови држени во заложништво од нивниот 40-годишен син Сашо Ангеловски.Во текот на преговорите синот на сопружниците Ангеловски под закана дека ќе ја запали зградата, ги држеше во заложништово своите родители. Неофицијано се зборуваше дека Сашо бил вооружен со пиштол, за кој полицијата немала сознанија дека го поседува. Се уште нема детали за причината за реакцијата на Сашо.Припадниците на полициската единица „Тигар“ беа на позиција во соседниот стан на семејството Ангеловски, чекајќи наредба да извршат упад преку балконот, доколку разговорите завршат без успех. Исто така, очевидци од местото на настанот за Форум рекоа дека полицијата на околните згради на погодни позиции распоредила снајперисти кои го држеле на нишан Сашо, во случај работите, односно преговорите за негово предавање да тргнат во несакана насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.