Црна хроника
Србинот инволвиран во охридското убиство избегнал во Албанија?
Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац, еден од главните осомничени за учество во убиството пред дискотеката „Куба либре Хавана“ во Охрид и натаму е во бегство и најверојатно се наоѓа во Албанија, јави Pressonline
Извор близок до истрагата наведува дека еден од сoсопствениците на дискотеката му помогнал на Драган Ѓорѓевиќ да побегне од Македонија.„Очевидците укажаа дека сопственикот на локалот непосредно по убиството обезбедил автомобил, со кој Ѓорѓевиќ бил префрлен преку граница. Има индиции дека е префрлен во Албанија. Ниеден граничен премин не забележал поминување на Ѓорѓевиќ, што укажува на тоа дека тој илегално ја напуштил Македонија“ наведува соговорникот на Pressonline, близок до истрагата.Македонската полиција најави нови апсења, бидејќи групата која го тепаше и го уби Дејан Новаковиќ броела околу дваеетмина.Новаковиќ вчера беше погребан на Новобежаниските гробишта. Свештеникот по опелото ги замоли неговите пријатели да не му го забораваат семејството.„Ве молам ова семејство да не биде заборавено за 15 – 20 дена, бидејќи во ова тешко време не е лесно да имате три деца дури и кога имаат двајца родители“ рекол свештеникот.Мајката на Дејан, Јулија Новаковиќ, по погребот изјави дека е огорчена од негрижата на српската држава.„Ниеден државен служебеник не ни се јави по телефон да не праша дали ни е потребна помош. Никој не ни упати телеграма, ниту сочувство, ниту поддршка“ рекла мајката.Другарите на Дејан се огорчени од нападот на групата во Охрид, која го убила нивниот пријател. Апелираат до полицијата и судот во Македонија да го расветлат случајот и да ги казнат сите учесници. Тие велат дека нивниот другар умрел од внатрешно крварење.„Дејан се задушил од сопствената крв. Ударот во градите предизвикал внатрешно крварење, по што дошло до гушење, а потоа му откажало срцето. Полицијата коректно ја одработи својата работа и истиот ден уапси осумчлена група која го тепаше Дејан“, изјавил за Pressonline еден од другарите Дејан, кој сакал да остане анонимен.Според него, ова убиство нема врска со македонскиот народ, бидејќи граѓаните на Охрид и самите биле згрозени од овој чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.