Црна хроника
229 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење, 17 без возачка
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.2.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за непочитување брзина на движење 44, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 12 за користење мобилен телефон.
Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 6 мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување на деца во Карпош
Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч.С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници
Вчера во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.