Црна хроника
„Жртва на корумпирани полицајци“ – сведоштво на првообвинетиот во „Метастаза“
Со задоцнување од еден час започна судскиот процес за случајот „Метастаза“. Се чекаше слободна и поголема судница за да почне сослушувањето за криминалот со издавање лажни инвалидски пензии.
Прв зборуваше првообвинетиот Сашо Јосимовски, лекар од Клиниката за кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при МТСП. Пред судијата кажа дека е жртва на корумпирани полицајци. Родителите на полицаецот што го уапсил од работното место биле негови пациенти.Еден од адвокатите на обвинетите, побара да се открие идентитетот на лажниот сведок, кој во судот треба да објасни како функционирал целиот систем за добивање на лажна инвалидска пензија.Второобвинета е Љубица Величкова, началничка на Одделението на комисија за оцена на работната способност во прв степен при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, блиска соработничка на Јосимовски. Покрај нив, обвинети се уште 34 лица.Со истрагата беше утврдено дека се наплаќала тарифа од неколку илјади евра во замена за остварување на правото за инвалидска пензија. Криминалот со инвалидските пензии беше откриен во април годинава откако полицијата по примената на посебните истражни мерки во суд спроведе 33 лица, а со истрагата списокот на инволвирани се прошири. Поголем дел од групата се наоѓа во истражниот затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.