Црна хроника
Обвинетите за „Сопот“ да се бранат од слобода
Седумимната обвинети за случајот „Сопот“ ќе се бранат од слобода, одлучил Апелациониот суд во Скопје, јави Журнал.мк повикувајќи се на потврда од судските извори
По ваквата одлука на скопска Апелација, преостанува да се ослободи самоуште Зенел Клаичи, затоа што останатите шестмина обвинети Шакир Сулејмани, Башким Укшини, Муса Клаичи, Селман Јахиу, Самет Лимани и Африм Укшини, се наоѓаат во бегство.Случајот Сопот беше и пред Собрание, каде комисија за заштита на правата и слободите одлучуваше дали се прекршени човековите права.Иницијативата беше на Нова демократија и на роднините на осудените.Тие тврдеа дека случајот политички е монтиран, а судот пресудил врз основа на изјава на сведок дадена под притисок.Според Имер Селмани, претседател на Нова Демократија, ваквите случаи ја оштетуваат државата, демократијата и ниту еден граѓанин не може да се чувствува сигурен и слободен.„Ова е ужас и вистиснко насилство врз демократијата, ова е флагрантно повредување на правата на човекот“, изјави Селмани.За некогашниот министер за одбрана, Владо Бучковски, овој случај мора да се испита и заврши бидејќи амбасадорот на НАТО во Македонија, во 2003 г. кога се случи „Сопот“, оставил аманет случајот да се испита оти не верува дека осудените ја подметнале бомбата.„НАТО постојано се сомневаше дека полицијата ги има осомничено вистинските виновници и на заминување рече – Владо, јас сум убеден дека овие луѓе се невини“, тогаш рече Владо Бучковски од СДСМ.За претставникот на семејствата и пратеник на ДУИ, Тахир Хани, ова е можност за фер судење.„Со оваа можност за повторно и за фер судење, ќе се земат в предвид сите факти и аргументи. Апелациониот суд ја донесе оваа одлука и останува да се надеваме на фер судење, пред се во интерес на правдата“, рекил Тахир Хани за „Журнал“.Две години по воениот конфликт, од подметната мина во близина на Сопот загинаа двајца припадници на КФОР.Тогаш, 11 жители на селото се осудени на вкупна затворска казна од 156 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.