Црна хроника
Шестооделенецот починал при невнимателна игра
Хаседин Мисими, шестооделенецот од основното училиште „Дервиш Цара“ во тетовското село Долно Палчиште починал при невнимателна игра
од Љупка Антеска, од Гостивар
Момчето се лизгало на оградата покрај скалите во училишниот ходник на катот. Наеднаш паднал на долните скали при што се здобил со скршеници на вратот и главата од кои починал на лице место.„Шестооделенецот и претходно честопати знаел да изведува разни акробации на оградата, но овој пат најверојатно загубил рамнотежа, се лизнал и паднал од околу четири и пол метри височина“ соопшти СВР Тетово.„Според кажувањата на децата тој правел некои акробации, така да веројатно му се лизнале рацете и или изгубил рамнотежа и паднал доле. Истото го правел пред неколку дена, децата го предупредувале, меѓутоа тоа се случило пред да почне наставата, околу 7:15 часот, пред првиот час. Кога паднало доле, детето го зеле еден наставник и хигиеничар и го однеле во болница, но таму било констатирано дека починало“ изјави директорот Сали Емини.Полицијата соопшти дека при лекарскиот преглед на телото на детето утврдени биле скршеници на вратот и главата од кои починал на самото место.„Ученикот беше добар спортист имаше солиден успех во останатите предмети, но за жал се случи оваа несреќа“ изјави Хебиб Хебиби, наставник по историја.Извршен е увид на местото на несреќата и се работи на целосно расветлување на сите поединости на случајот. Телото на детето е предадено на неговото семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.