Црна хроника
Велешанка била принудувана да дава сексуални услуги во Гостивар
Гостиварка заедно двајца нејзини сограѓани принудувале малолетничка од Велес да дава сексуални услуги за одреден паричен надоместок, соопшти МВР
Малолетничката пред една седмица поради лошата економска состојба на своето семејство заминала во Гостивар да бара работа. Откако не успеала да најде работа се сместила во станот на дваесет и осумгодишната гостиварка со која се знаеле од претходно.Но, гостиварката ја принудувала да има сексуални односи со повеќе клиенти, а за услугата им наплаќала по 2.500 денари. Малолетничката била заќутувана дури и со леплива трака на устата.Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот и на други лица на кои малолетната девојка им дава сексуални услуги. Против тројцата инволвирани во скандалот е поднесена кривична пријава.Се проширува и секс скандалот во Штип. Освен двете осмооделенки полицијата разговарала и со 16-годишно девојче за кое постојат сомневање дека било дел од аферата.Во скандалот се вклучени бизнисмени од Кочани, Штип и Куманово, како и две девојки кои се обвинети за подведување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.