Црна хроника
Одбраната тврди дека некои притворени за убиството во Охрид се невини
Истражната постапка за случајот со убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ кој настрада во тепачката што на 27-ми август се случи во центарот на Охрид намерно се одолговлекува
Тоа може да доведе до продолжување на мерката притвор на обвинетите без да бидат изведени доказите на бранителите, тврди одбраната на притворените според која дел од нив имаат цврсто алиби дека не биле учесници во инцидентот, пренесува Ohridnews..„Во наредените две недели не е предвидено изведување на докази за алибито на осомничените со што ќе дојде до продолжување на притворот и на лицата за кои постојат факти дека не биле учесници во тепачката и ова е уште еден доказ како мерката притвор во Македонија се преиначува во казна. Сметаме дека 30 дена се доволен период истрагата да утврди кој од осомничените се виновни и треба да останат во притвор, а другите лица треба да се ослободат„, вели Воислав Димоски, адвокат на еден од приведените.Тој за својот клиент тврди дека во критичното време не бил на местото на настанот, како и дека имало докази дека во фаталната тепачка не учествувало најмалку уште едно од осомничените лица кои сега се во истражниот затвор во Идризово, што исто така ја отежнувало постапката.Димоски има забелешка и на квалификацијата на кривичното дело според кое осомничените се товарат за свирепо убиство за што законот предвидува и доживотен затвор и смета дека истото треба да се преиначи во кривично дело учество во тепачка со смртни последици за што е предвидена мерка затвор од три месеца до три години.„Сметам дека обвинителството многу лесно ја прифати кривичната пријава поднесена од полицијата, која во никој случај не соодветствува на делото кое е извршено“, рече Димоски кој најавува дека за начинот на кој се води постапката ќе ги извести меѓународните организации во земјата од областа на заштитата на човековите права.За убиството на белграѓанецот Дејан Новаковиќ кој настрада во тепачката што пред неполн месец се случи во центарот на Охрид се осомничени осум лица. Седуммина се охриѓани, а едно лице е српски државјанин кое по немилиот настан илегално ја напушти земјава и по него е распишана меѓународна потерница
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.