Црна хроника
23-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Скопје -Тетово
23-годишно женско лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Скопје-Тетово.
Според известувањето од полициските служби вчера во 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката Матка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“, управувано од Ј.С.(23) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од С.С.(51) од с.Желино, и двете со тетовски регистарски ознаки.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „бе-ем-ве“, М.З.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.