Црна хроника
230 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.1.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој бил во контактибилна состојба.
Како што информираат од МВР, се работи за К.В.(55), кој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Во водите на Преспанско езеро пронајдени 22 рибарски мрежи со 100 кг улов

Во водите на Преспанското езеро ноќеска биле пронајдени 22 рибарски мрежи во должина од околу 1100 метри, со околу 100 килограми улов.
Во акцијата учествувале полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото.
Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен малолетник од Скопје, со остар предмет нападнал вработена во аптека и одзел пари

Синоќа во 19.30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје.
Тој, според полицијата, извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.
Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.
Парите се вратени на оштетената, соопшти полицијата.