Црна хроника
Разбојниците од „Комерцијална“ украле околу 7.000 евра
Двајцата разбојници кои утрово ја ограбија експозитурата на Комерцијална банка во скопската населба Ново Лисиче, во крим евиденцијата биле регистрирани како сторителите на повеќе кривични дела
Станува збор за двајца скопјани, едниот на триесет ипетгодишна возраст, а другиот дваесет иедногодишен. Едниот од нив е извршител на тешки кражби, разбојништва, фалсификување на исправа, а биле пријавувани и за насилство.во текот на денот тие беа однесени во полициска станица каде што во тек се разговори и проверки за евентуални други кривични дела. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.Двајцата разбојници утрово маскирани со фантомки на главите и ракавици влегле во експозитурата а Комерцијална банка, која се наоѓа на улицата „Видое Смилевски Бато“ и со вперен револвер кон вработените, украле околу седум илјади евра.Веднаш по пријавувањето на грабежот во полиција, „Алфите“ се упатиле на местото на грабежот. По дваесетминутна потера по нив, тие се фатени зад трговскиот центар „Бисер“ во населбата „Аеродром“. Пронајден е ранец во кој се наоѓале две фантомки, две рала ракавици, револвер, украдените пари и клучеви од возило.Автомобилот „мерцедес 200 Д“, со којшто планирале да избегаат, бил пронајден на булеварот „Јане Сандански“. Возилото е предадено на вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.