Црна хроника
Тешка сообраќајка, неготинец излетал низ шофершајбна
Неготинец вчера околу 19:30 часот загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Градско – Неготино, соопшти МВР
Четириесет иедно-годишниот Сашко Ристов на мостот на реката Црна, кај археолошкиот локалитет Стоби изгубил контрола над „голфот“ со бугарски регистерски таблици. Преминал на спротивната коловозна лента и удрил во железната ограда на мостот. Од силниот удар, Ристов излетал низ шофершајбната на автомобилот, при што починал на лице место. По извршениот увид, телото на загинатиот е предадено за обдукција и треба да се откријат причините за сообраќајната незгода. Во првите шест месеци на македонските патишта животот го загубиле 69 лица, во јули 19, а за само десетина дена од август на жешкиот асфалт имало 10 жртви. Во 2009 г. во сообраќајни несреќи животот го загубиле 160 лица, а во 2008 година, бројката е слична. Тогаш животот го загубиле 162 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.