Црна хроника
Македонец обвинет за грабеж на златарница во Нов Зеланд
Македонец е обвинет за грабеж на златарница во Окленд, Нов Зеланд, јавува интернет страницата Stuff
Четириесет ичетири-годишниот Ванчо Бојчев е изведен пред основен суд во Окленд, кој се соочува со четири обвиненија за грабеж откако вооружен со пиштол вчера попладне по локално време провалил во златарницата и 15 минути ги држел во заложништво тројцата вработени.Бојчев бил уапсен кратко време откако со пленот ја напуштил златарницата.Никој од вработените не е повреден во инцидентот, но, според Stuff, тие биле потресени од инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.