Црна хроника
Несмасни пиштолџии се саморанија во Гази Баба
Три лица се ранети во пукотница пред интернет-кафе која се случила во понеделник доцна навечер на улицата Христифор Жефаровиќ во скопската населба Гази Баба, на која и претходела вербална расправија
Случајот во полиција го пријавил 36-годишен жител од скопското село Сингелиќ, кој пријавил дека две лица го навредувале додека не дошол неговиот брат, 40-годишник кој ги избркал. По кратко време еден од избрканите се вратил со уште пет роднини. Еден од нив, на 33-години извадил пиштол и со рачката го удрил во глава помалиот брат п ошто започнала масовна тепачка во која поради несмасно ракување, лицето што го излвекло пиштолот самото се ранило во ногата. Пиштолот што паднал на земјата го земал еден 31-годишен учесник во тепачката а бидејќи и тој не знаел да ракува со пиштол се саморанил во стомакато и во ногата. По него еден куршум во ногата добило уште едно од лицата.Првите двајца ранети се префрлени во скопската Градска општа болница, а третиот и еден од нападнатите кој имал телесни повреди биле префрлени во Ургентниот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.