Црна хроника
Убиство, самоубиство и ранет во Аеродром
Убиство, самоубиство и еден ранет, ова е епилогот од крвавата драма што попладнево се случи во скопската населба Вардар
Скопјанецот, 54-годишен Лазо Стојановски пукал кон четириесет и четиригодишната Сузана Василевска од Агино Село и нејзината мајка Јаготка Василевска, а потоа се самоубил, соопшти МВР Трагедијата се случила пред 16 часот во барака на улицата „Владимир Комаров“ во близина на основното училиште „Браќа Миладиновци“. Сузана веднаш им подлегнала на повредите, а нејзината мајка Јаготка со прострелни рани е префрлена во Ургентен центар.Полицијата се уште ги истражува мотивите за пукањето во населбата Вардар. Не е утврдена ниту врската во која биле убиената и нејзиниот убиец. Според неофицијални информации, едни тврдат дека биле поранешни сопружници, кои воделе судска постапка за развод, а други велат дека Сузана и Лазо биле во љубовна врска.На местото на инцидентот екипи на крим техника извршија увид.Убиената Сузана работела во ресторанот „Пак“ , во сопственост на Лазо што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.