Црна хроника
Кривична за тетовец инволвиран во инцидентот во Кичево
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишен тетовец, кој што учествувал во инцидентот што се случи на полувремето на фудбалскиот натпревар Шкендија – Напредок во саботата во Кичево
Сè уште е непознат сторителот што го симнал државното знаме од јарболот на стадионот, а тетовецот се сомничи дека поставил две знамиња на Република Албанија. Кривичната пријава е за предизвикување национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост. Полициската станица од Кичево поднесе и прекршочни пријави против 11 лица од кои пет се членови на навивачката група „Балисти“, а шест од навивачката група „Ѓаоли“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.