Црна хроника
Кривична пријава за нелегално внесување вијагра
Царинската управа поднесе кривична пријава против тројца македонски државјани, коишто се осомничени дека пуштале во промет штетни средства за лекување. Според проверката во лабораториите на царината станува збор за сомнително производство на „вијагра“-та која требало да биде продавана во Тетово
Вкупно 61 кутија „Viagra“ од 100 mg, се најдени кај тројцата македонски државјани последната седмица до септември кога околу полноќ се обиделе со приватно возило со македонски таблички да влезат во земјава преку граничниот премин Блаце, информираат од Царинската управа. Заради сомнително однесување на патниците, над нив бил извршен личен претрес при што кај еден од нив биле пронајдени 40 кутии, сокриени во чорапите и во џебовите од палтото и панталоните, кај друг биле пронајдени 11 кутии кои ги криел во рачна чанта и во џебовите од фармерките, а во џебовите од јакната и од панталонитена третиот биле пронајдени десет кутии. Претходниот ден, тројцата пријавени заминале за Приштина, каде од косовски државјанин купиле 61 кутија кутија „Viagra“, за кои платиле 91 евро, а сакле да ги препродаваат во Тетово, по цена од 20 евра за едно пакување. Со цел да ја избегнат царинската контрола, осомничените ја распределиле предметната стока меѓу себе и ја сокриле во разни делови од својата облека.Пронајдената стока била предадена на вештачење во Бирото за лекови, од каде е добиено стручно мислење дека препаратот не одговара на барањата од спецификација за квалитет на производителот во однос на параметарот „содржина на активна супстанција“ , која била пониска од декларираната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.