Црна хроника
Приведени крадците на компјутерите од велешкото основно училиште
Расветлен е случајот со кражбата на компјутери во велешкото основно училиште „Свети Кирил и Методиј“. Во полициската станица во Велес приведени се седуммината крадци, и тоа В.Г., В.П., Л.С., Н.У., М.Ѓ., и Д.О., сите на возраст од 16 до 22 години
Дијана Иванова, од ВелесПо извршениот разговор со полицијата тие признале дека ги сториле криминалните дела. Кражбите ги извршиле во ноќните часови, се поделиле во групи од 3 до 4 лица. Со соодветен алат насилно влегувале во училиштето и во три наврати украле 3 куќишта од компјутери, 18 лап топ компјутери, еден ДВД-плеер и еден музички систем. Украдената технилка стока ја продавале на различни луѓе за различни суми, а добиените пари ги поделиле меѓусебе.„Од страна на инспелктори од Одделот за општ криминал при секторот за внатрешни работи Велеспронајдени се сите одземени предмети и истите ќе бидат вратени на оштетениот, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.СВР Велес, до основното јавно обвинителство против шестмината велешани ќе поднесе кривична пријава, за сторени три кривични дела Тешка кражба, додека лицето С.Ѓ, ќе заработи кривична оти ги прикривал. Тој иако знаел дека предметите се украдени сепак ги купил за себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.