Црна хроника
Одмазничка тепачка во Велес, повредени двајца средношколци
Тепачката се случила во четврток навечер во дворот на средните училишта Кочо Рацин и Димитрија Чуповски и една од серијата зачестени одмерувања на силите меѓу велешките средношлоци
Дијана Иванова, од Велес
Некаде околу 19 часот во четврток навечер група од триесетина средношколци пристигнала во училишниот двор. Според првичните информации некои од учесниците во толпата биле маскирани.Групата ја забележала директорката на средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“. Во момент кога се приближувала кон толпата со намера да ги праша што бараат во училишниот двор, од училишната зграда излегле двајца ученици а толпата започнала да вика и со трчање се нафрлила врз момчињата кои се од албанска националност.Според првичните искази тие физички биле нападнати од пет-шест деца, додека другите ги бодреле. Директорката на средното училиште „Димитрија Чуповски“, веднаш повикала брза помош и полиција.Нападнатите ученици биле пренесени во градската болница. Веднаш им била укажана лекарска помош. Лесни телесни повреди констатирал тимот на лекари кои синоќа и утрово ги прегледале двете деца, вели др.Горан Јовиќ, додавајки дека во текот на денешниот ден најверојатно тие ќе бидат пуштени на домашно лекување.Првичните информации говорат дека синоќешната тепачка веројатно е одмазда на македонски средношколци за натепан другар од пред некој ден од старна на нивните врсници од албанска националност.Од полицијата велат дека со официјална информација ќе испаднат откако ќе бидат сослушани сите инволвирани лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.